ПРВИОТ ВМРОВСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ГО СКРШИ МРАЗОТ И ОТИДЕ ВО ЌОРКА : ДВА МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ АЛЕКСАНДАР ПАНОВ – ОВЦА

0
2421

Кавадарци, 18 август 2017 (МИА) – Со пресуда на Основен суд Кавадарци, градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска беше осуден на два месеца затвор за кривично дело „поткуп при избори и гласање“.

– За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни судијата доктор Лазар Нанев.133820372

Согласно законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, укажа судијата Нанев, делото се класифицира во петта хоризонтална категорија каде врз основа на податоците за личноста се класифицира во прва вертикала бидејќи е неосудуван досега, за што законодавецот утврдил парична казна од 5 до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца.

Казната ќе се изврши по правосилност на пресудата.