Wednesday, July 16, 2025
27.8 C
Skopje

ПРВА СРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ СО БАНКАРИТЕ, СЛАВЕВСКИ БИЛ ИНФОРМИРАН И ЗА ПОДГОТВЕНОСТА НА БАНКИТЕ ЗА ПРСТАПУВАЊЕ ВО СЕПА

Посебен акцент е ставен на потребата од натамошно унапредување на конкуренцијата во платниот промет, особено преку финтек-иновации и нови технологии.

Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора за граѓаните и за развојот на домашната економија.

Ова беше една од централните пораки на средбата меѓу гувернерот на Народната банка Трајко Славески и раководството на Македонската банкарска асоцијација (МБА), претседателката Маја Стевкова Штериева и заменик-претседателот Бојан Стојаноски, соопшти Народна банка.Гувернерот Славески истакнал дека банкарскиот сектор кај нас е добро капитализиран, со стапка на адекватност на капиталот од 19%, што овозможува отпорност и во услови на евентуални шокови.

-Народната банка преку добро поставените политики обезбедува стабилна и предвидлива средина. Тоа е предуслов за банките да ги исполнат очекувањата на граѓаните и компаниите – со сигурни, достапни и со квалитетни услуги –  рече гувернерот.На средбата, како што се наведува во соопштението, посебен акцент бил ставен на потребата од натамошно унапредување на конкуренцијата во платниот промет, особено преку финтек-иновации и нови технологии.

Во таа смисла било отворено и прашањето за напредокот во пристапувањето на банките кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).Притоа било  нагласено дека крајниот рок за поднесување на барањата е 5 октомври оваа година и дека се очекува од банките да ги засилат активностите за навремено исполнување на оваа важна стратегиска цел, со која ќе се подобри интеграцијата и ефикасноста на прекуграничните плаќања.

Во однос на монетарната политика, гувернерот истакнал дека Народната банка внимателно ги следи движењата на внатрешните и надворешните фактори на ризик.Секоја идна одлука за основната каматна стапка ќе биде донесена врз основа на детални макроекономски анализи, со цел да се зачува ценовната стабилност и да се поддржи економската активност. 

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ