Friday, June 20, 2025
29.8 C
Skopje

ПРАТЕНИЧКАТА ПЕШЕВСКА НА НАСТАН ВО ХЕЛСИНКИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ МЕЃУ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ВО И ОД ПАРЛАМЕНТИТЕ

На иницијатива на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со поддршка на Парламентарното собрание на ОБСЕ, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска учествуваше на дводневната работилница на тема„ „Остварување на еднаквите можности меѓу жените и мажите во и од парламентите“ која се одржа на 3 и 4 јуни 2025 година во Хелсинки, Република Финска.

Целта на работилницата е разгледување на националните законодавства и практики на парламентите од Европа и Централна Азија во поглед на еднаквите можности на жените и мажите.

Настанот го отворија  Тарја Филатов (Tarja Filatov), потпретседателка на Парламентот на Финска, Пиа Каума (Pia Kauma), претседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Теа Џалиашвили (Tea Jaliashvili) прв заменик директор, ОДИХР.

Во делот за парламентарните тела  кои имаат водечка улога во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите во и од парламентите,свое обраќање имаше претседателката на Комисијата Жаклина Пешевска, која                                                                                                                го презентираше начинот на функционирање, меѓусебната соработка, сличностите и разликите помеѓу Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички.

Комисијата функционира во рамките на формалната законска рамка,                                                                                                                       додека Клубот на пратенички служи како обединувачка платформа, овозможувајќи им на пратеничките да ги надминат политичките поделби и да соработуваат по прашања од заеднички интерес, особено оние што ги засегаат жените и семејствата.

Иако комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички имаат различен карактер сепак споделуваат заедничка натпартиска цел,а тоа е унапредување на еднаквите можности на жените и мажите.

Потребата за еднакви можности меѓу жените и мажите не е партиско прашање- тоа ги засега сите граѓани. Без оглед на тоа дали телата за еднакви можности меѓу жените и мажите се формални  или неформални, тие се структуирани да поттикнат меѓупартиска соработка, институционално дејствување и политички дијалог. Ефикасноста зависи од довербата, меѓусебното почитување и споделените цели помеѓу членовите, без оглед на нивната политичка припадност.

Воспоставувањето на механизми за соработка помеѓу владеачката коалиција и опозицијата помага да се изгради таа доверба и фокусот се задржува на влијанието и ефектите,а не на политиката.

Како пратеничка, како жена и како активен чинител во демократските процеси, ќе продолжам гласно да се залагам за рамноправноста меѓу жените и мажите во сите институции, вклучително и во највисоките тела на одлучување, истакна Пешевска.

Ова се дел од искуствата и препораките кои претседателката Пешевска ги сподели со претставниците од останатите парламенти.

ОВАА НЕДЕЛА

МИТЕВА: НОВИ СОВРЕМЕНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

„Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Благодарам за присуството. Денес сакам да информирам за...

МЗШВ ОБЈАВИ ЈВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНССКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОЧЕКУВА НАЈУБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ