Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

ПРАТЕНИЦИТЕ БЕТИ СТАМЕНКОВСКА – ТРАЈКОСКА И МУСА ЏАФЕРИ НА ФРАНКОФОНСКА СЕСИЈА ВО ПРИШТИНА

Членовите на Франкофонската секција на Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Бети Стаменкоска Трајкоска  и г. Муса Џафери ,учествуваа на 36-та сесија на Регионалното Собрание за Европа на Парламентарното Собрание на Франкофонијата , во Приштина, Косово од 11-ти до 13-ти ноември 2024 година.

Главната тема на сесијата беше „Хибридната војна, една опасност за сигурноста и демократија“ која се расправаше преку три оделни панели. Еминентни професори и експерти реферираа за хибридната војна и нејзините ризици за сигурноста и демократијата, импактот на војната во  Украина на одбранбената и надворешната политика за одбрана на демократските вредности како и за перспективите на Европа за излез од кризата. Приситните пратеници се приклучија на дискусијата со свои прашања и размислувања, се со цел да се разбере хибридната војна и нејзините опасности за основните вредности на демократските земји а то се слободата и демокрацијата.

Главниот тенор на средбата беше дека хибридната војна воопшто а војната во Украина посебно, претставуваат голем ризик за демократските вредности и зато демократските земји морат да ги подобрат и зајакнат  своите одбранбени и надворешни политики  за да се прилагодат на актуелните предизвици.

На сесијата усвоена е и Внатрешната регулатива на Европското регионално собрание на Франкофонијата и одлучено е следната сесија да се одржи идната година во Андора. За време на настанот од страна на организаторот, Собранието на Република Косово, беше организирана и интересна културна програма.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ