Борче Цветков, пратеник од редовите на СДСМ ќе одговара кривично, за периодот додека директорувал со затворот во Струмица. Струмичката полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична приjава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
За кривичното дело станува збор за тројца осуденици кои користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затворот и по еден месец.
Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор трите осудените лица.Тројцата осуденици користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затворот и по еден месец.
А во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал едниот од нив, кој понекогаш се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопштија од МВР.
Видео : ТВ Стар