ПРАТЕНИКОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ ПРИЛЕП, МИЛЕ ТАЛЕСКИ НЕ Е НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА ТУКУ НА ПОСЕТА КАЈ НЕГОВ ПАРТИСКИ ДРУГАР КОЈ ЕДВАЈ СПАСИ ЖИВА ГЛАВА И СЕ БОРЕШЕ ЗА ЖИВОТ И КОЈ ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ НЕДЕЛИ Е ВО ГРЧКА БОЛНИЦА КАДЕ ПРЕТХОДНО СЕ НАОЃАЛ ПОД ВЕШТАЧКА КОМА

0
1409

По социјалните мрежи излегоа еден тон гомна од текстови за тоа каде бил претседателот на ОО СДСМ Прилеп,  Миле Талески и зошто не бил ваму или таму на настани и слични мизерни постови и како тоа бил неодговорен со тоа што уживал на одмор во Грција.

Вистината всушност е сосема друга од онаа што ја пласираат во јавноста картоните и главните медиумски могули на ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за партиски другар на Миле Талески на кој за време негов одмор здравствената состојба сериозно му се влошила па бил веднаш хоспитализиран и поставен под вештачка кома со цел да ги поднесе болките.

Од тоа што го дознаваме е дека партискиот другар на Миле Талески веќе се опоравува од неговата критична состојба во која до пред некој ден се наоѓал.