ПРАВ МОМЕНТ, НА ДЕНОТ КОГА ГО ВИДОВМЕ МИЈАЛКОВ ВО КОМБЕ ЗАД РЕШЕТКИ – Заев се кандидира за претседател на СДСМ, ветува пролетна офанзива

0
725

Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија, објави на Фејсбук лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

– Пред членовите на партијата излегувам сo програма: Нова политика – СДСМ прв во промените! Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март. Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат, најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и Република Северна Македонија – вели Заев.