Фото : 360 степени
Протестниот марш под паролата „Правда за Фросина“, на кој има масовно присуство, тргна од булеварот „Партизански одреди“, а најавено е дека ќе помине пред Собранието, Обвинителството и ќе заврши пред Кривичниот суд
Извикувајќи „Бараме правда“ илјадници граѓани го почнаа протестниот марш што тргна од местото на булеварот „Партизански одреди“ на кое во средата (29 јануари) во сообраќајна несреќа загина 22-годишната Фросина Кулакова.
Во првите редови во поворката се членовите на нејзиното потесно семејство. Присутните граѓани извикуваат „Сакаме правда“ и „Нема правда – нема мир“. Се носат и црни маички на кои пишува „Правда за Фросина“.
Истакнати се транспаренти на кои пишува „Секој еден може да е следен“, „Безбедноста е право, а не привилегија“, „Судии убијци“, „Крвта е на ваши раце“.
Извор : Алсат.МК