Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

ПО ТРИ МЕСЕЦИ ХАОС ВО ВАШИНГТОН, ПОЛИТИЧКАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ОСТАНА БЕЗ ГОРИВО

Со падот на профитот на неговата „Тесла“ и со намалените проекции за буџетски заштеди, милијардерот Маск најави повлекување од неговата улога во администрацијата на Трамп.

Во Силиконската долина важи мотото „движи се брзо и руши“. Деновиве во Вашингтон, тоа се нарекува „Илон Маск си ја врши работата“, објави South China Morning Post. Единствената работа која на Маск, најбогатиот човек на светот, не му е дозволена според Уставот на САД е да стане претседател, бидејќи е роден во Јужна Африка. Но, кога Доналд Трамп му довери задача да ја „свитка“ американската влада, Маск ја доби втората најмоќна позиција во светот.

Неговиот формален наслов е „специјален државен службеник“, но во реалноста, Маск последниве сто дена беше еден од највлијателните луѓе во САД. Како најголем финансиски поддржувач на Трамп во предизборната кампања, доби ексклузивен пристап до Белата куќа – се појавуваше на состаноци во кабинетот, во Овалната соба, патуваше со претседателските хеликоптери и авиони, и често беше фотографиран со капче со слоганот на Трамп.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ