По трагите на парите до решение на кризата

0
611

Кризата да ја решиме ефективно и да ја стабилизираме државата за потоа да излезе посилна, тогаш треба да тргниме по трагите на парите.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

 

Со ваков пристап и начин кризата ќе ја решиме во интерес на граѓаните и државата, воедно ќе создадеме практики за да не и текне на било која власт во иднина, да го прави тоа што се правело изминатите осум години а во одредени сегменти и обем и претходно. Раководството на ДПМНЕ изминатите години, го кршеле Уставот и законите, ги узурпирале државните институции, ја фалсификувале изборната воља на граѓаните, за да се збогатат не само на на сметка на сегашните генерации, туку и на товар на идните генерации кои ќе треба да работат за да ги вратат сегашните долгови и да ги санираат штетите кои се причинети изминатите осум години. Токму затоа најдобро решение за излез од кризата е ревизија како власта ги трошела државните пари.

Изминатите осум години се потрошени меѓу 25 и 30 милијарди евра, во оваа сума се вклучени државните годишни буџети, парите на државните претпријатија, општините и други институции кои се финансираат со даноците и другите државни ресурси. Ако тргниме во разрешување на кризата по трагот на парите, тогаш сигурно нема да погрешиме, тоа значи дека ќе одговараат токму вистинските луѓе кои се инспиратори, нарачатели и извршители на  штетите и неправдите нанесени на граѓаните и државата.

На овој начин украдените пари ќе и се вратат назад на државата и воедно неправдите нанесени на граѓаните ќе се исправат, иако покасно, но тоа е подобро него никогаш. Овој пристап на решевање на кризата иако навидум некому ќе му изгледа тежок и дури невозможен, но ако се има истрајна воља, храброст, капацитет и доследност, тогаш е многу лесен, брз и со ефективни резултати. Изговорите дека тоа е обемна и неспроведлива операција е манипулација и противење за да се заштитат и неказнето да поминат тие што се огрешиле пред законот. Ако се има силна воља да се истера правдата, тогаш ниту уништување документи, ниту разни финансики заврзлами, макар биле тие умешно правени, нема да ги спасат тие што краделе државни пари.

Оваа обврска би требало да биде една од клучните задача на преодната Влада, која може да ја заврши ревизијата за неполна година, притоа може да се повикаат и финансиски експерти од странство а ЕУ може да биде покровител на нивниот ангажман. Не е на одмет да добиеме странска помош заради поголема објективност на процесот, иако имаме капацитет како држава да спроведиме ваква операција, за тоа е надлежен Државниот завод за ревизија, кој прави ревизорски извештаи како државните институции ги трошат парите, но правосудните органи не постапуваат и кога тие ќе ги пронајдат незаконитото трошење на државните пари.

Притоа треба да се применат новите регулативи за борба против криминалот а кои се во фаза на подготовка а во дел од државите на ЕУ веќе се применуваат (Италија), а кои налагаат потеклото на имотот да го докаже тој што го поседува кога за тоа ќе постои основа да се посомневаат истражните органи. Конкретно, ако некој поседува имот за кој постои сомнеж дека не е стекнат преку легални извори, пример енормно се збогатил за време на вршење државна или јавна функција или пак пак можеби учествувал во криминални активности во било која област, тогаш правосудните органи се овластени да побараат од него да докаже како го стекнал тој имот, да го докаже потеклото на парите, во спротивно ќе му биде запленет и воедно ќе биде покренато обвинение за сторен криминал.

Ваквиот пристап на разрешавање на кризата, ќе резултира со создавање услови за решавање и на многуте други проблеми со кои се соочува државата изминатите осум години но и претходно. Ако разоткриеме како се трошеле државните пари и ресурси, тогаш веднаш ќе ни стане јасно кои во државата се патриоти а кои глумат дека се големи бранители на државата, кој реално го брани името на државата а кој на сметка на спорот со Грција лично профитира преку заострување на односите со Грција и ја одалечува државата од ЕУ и НАТО а со цел околу три до пет отсто од граѓаните и понатаму да располагаат со 90 проценти од богатството на државата а кој во најголема мера е стекнат на криминален начин.

Кога Македонија би била дел од ЕУ, тогаш на овие поединци, не само што ќе им биде конфискуван криминално стекнатиот имот, туку ќе завршат и во затвор. Ако разоткриеме како се трошеле државните пари и ресурси, тогаш Македонија ќе биде дестинација за здрави странски инвестиции кои ќе допринесат за долгорочен економски развој. Ако тргнеме по трагот на парите во решавање на државната криза, тогаш ќе создадеме и услови за спроведување на фер и демократски избори, затоа што ќе се оневозможат инструментите за корупција и манипулација во текот на изборниот процес. Ако тргниме по трагот на парите во решавањето на кризата, државата ќе ја припремиме за прием во ЕУ, всушност ќе ги исполниме критериумите од Поглавјето 23 кое е најтешко во процесот на преговори за пристап во Унијата.

Посебно да нагласам дека ако направиме ревизија како се трошеле државните пари за да ја решиме кризата, тогаш ќе го поставиме темелот на правосудството да биде независно и да работи согласно Уставот и законите, што е предуслов изградба на праведно општество. Откако Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата ги објави снимките од прислушуваните разговори за местењето на судиите од директорот на УБК, секому веќе треба да му е јасно дека во државата нема правда, а штом нема правда, тогаш нема ниту мир (Паролата на Студентите), а тоа води кон дестабилизација на државата.

Државата ја сочинува правниот поредок кој изграден со Уставот, законите, подзаконските акти и процедурите за нивно спроведување. Нема потреба странци да ангажираме за судии и обвинители за праводусниот систем да се ослободи и да биде независен од било какви притисоци, туку потребно е да се изврши ревизија на работата на обвинителите и судиите во изминатите години за тие што работеле спротивно на законите да одговараат за незаконско постапување. Обвинителите и судиите кои постапувале спортивно на законите и завршат поради тоа во затвор, тогаш тешко дека некој во иднина ќе си дозволи да прима наредби од извршната власт и да суди незаконски.

Потребно е да се најде соодветно решение за тоа кој субјект ќе ја спроведе ревизијата на работата на обвинителите и судиите, дали тоа ќе биде некој нов состав на Судскиот совет а во соработка со експерти од странство или друго решение, е тема за  посебна анализа . Ако постои цврста воља да се исправи неправдата, тогаш формата лесно ќе ја најдеме.

Митко Јованов