По специјалниот обвинител доаѓаат и специјални антикорупционери

0
610

Државната комисија за борба против корупција наскоро ќе добие уште пет привремени антикорупционери. За разлика од седуммината актуелни членови на Комисијата, новите ќе работат исклучиво на проверка на законите, со цел да се откријат можни одредби со кои се овозможува легална корупција, пренесува Сакам да кажам.

Тие ќе бидат одвоени во специјално одделение, кое ќе ги истражува спорните законските решенија и случаи на судир на интереси, согласно препораките на Европската комисија. Извори од ЕУ за Сакам да кажам велат дека паралелните антикорупционери ќе може да направат ревизија на сите постоечки закони, како и на сите нови закони што ќе ги донесе Собранието. За нивно вработување, Антикорупциската комисија веќе објави оглас, во кој се нагласува дека постапката е итна. Кандидатите треба да почнат со работа во текот на овој месец.