ПО ПОВОД 8-МИ АПРИЛ ДЕНОТ НА РОМИТЕ ОПШТИНА ПРИЛЕП ВО НИВНА ЧЕСТ ГО ПОСТАВИ РОМСКОТО ЗНАМЕ И ИМ ПОДЕЛИ 330 ПАКЕТИ СО ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

0
133

Со кревање на знамето на Ромите на јарболот пред општинската зграда, Општина
Прилеп се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8.Април.

Почитувајќи ги препораките на Владата и Министерството за здравство, денеска
на чинот на кревањето на знамето присуствуваа само градоначалникот Илија
Јованоски, претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски и
двајцата претставници од ромската етничка заедница во општинскиот Совет,
Адем Мамудоски и Самија Ајдини.

„На сите Роми им го честитам 8.Април, Меѓународниот ден на Ромите и пред се’
им посакувам добро здравје и подобар живот во иднина. За таа цел, заедно со
претставници на ромската заедница го кренавме знамето на Ромите, за да
почекаме дека сите сме еднакви и дека сме заедно во добро и во зло. Оваа
година празникот го одбележуваме скромно но достоинствено, а во таа насока ќе
биде и хуманитарната акција која ја спроведува Општина Прилеп, а со која на 330
семејства од населбата ‘Тризла 2’ ќе им бидат поделени пакети со храна и
средства за хигиена. Сакам уште еднаш да упатам апел до сите граѓани на
општина Прилеп да ги почитуваат препораките и мерките на Владата и на
Министерството за здравство. Седете дома и вардете се“, изјави градоначалникот
Јованоски.