По релативно мирната, иако за многумина ноќ, утринава Куманово го разбудија нови пукотници. Медиумите и очевидицте јавуваат за спорадични рафални истрели од автоматско оружје.
Силни полициски трупи се распоредени насекаде низ градот. Претставници на локалната самоуправа смируваат и апелираат граѓаните да не ги напуштаат домовите.
Нема извештаи за нови повредени, по црниот биланс од вчера – пет убиени полицајци и повеќе од 30 повредени. Во градот сепак се слушаат сирени на амбулантни возила.
izvor: Плусинфо