ПО ЛДП НА ГОРАН МИЛЕВСКИ СЕГА И ДОМ НА МАЈА МОРАЧАНИН СЕ ЗАКАНУВААТ СО НАПУШТАЊЕ ОД ВЛАДАТА ДОКОЛКУ СЕ ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

0
192

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше т.н. француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.