По еден месец блокада Советот на општина Гази Баба го изгласа буџетот за 2020 година

0
74

По еден месец, буџетот за 2020 година на општина Гази Баба конечно е изгласан. Советниците на ВМРО – ДПМНЕ го прифатија истиот буџет кој беше предложен и пред 1 месец, иако тогаш токму овој буџет за нив од неразбирливи причини, беше не развоен.

Граѓаните повеќе нема потреба да се грижат, проектите кои беа стопирани или воопшто не започнати поради неразумното кочење на буџетот, продолжуваат со реализација.

Со средствата планирани за оваа година, се реализираат клучни проекти од полза на жителите. Подготовка на проектите за изградба на нови 4 детски градинки во Синѓелиќ, Инџиково, Ќерамидница и Трубарево, проектите за изградба на спортски сали ООУ Кирил и Методиј и ООУ Наум Охридски.

Автокоманда добива монтажен паркинг, како и подготовка на ново сообраќајно решение за ослеснување на метежот во населбата. Реконструкција и изградба на локални и регионални патишта,  сервисирање на уличното осветлување, изградба на пешачки патеки и паркинг во Триангла, изградба на велосипедска патека покрај реката Вардар од Мерцедес до Јурумлери, а за прв пат е подготвена и програма за формирање на јавно претпријатие за управување со објектите за култура и спорт во општината.

Се продолжува со втората фаза за изградба на фекална канализација во Трубарево, предвидени се средства за изградба на фекална канализација во Гоце Делчев, Црешево и Смилковци.

За прв пат е подготвена програма за уредување на сопственичките права општината врз објектите во нејзина сопственост. Продолжуваме со доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, доделување на грантови за студенти иноватори, како и изградба на детски и спортски игралишта.

Општина Гази Баба продолжува со полна пареа решавајќи ги проектите кои со години ги мачеа граѓаните во општината. Граѓанскиот буџет нуди развој еднаков на сите населени места.