Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

По вчерашното поскапување, нов пад на цената нафтата

NAFTA_20141222184432

Нафтата денеска поевтини на светските берзи поради стравувањето на инвеститорите дека по договорот за иранската нуклеарна програма, Иран ќе започне со извоз на нафта што ќе придонесе за дополнително зголемување на и онака рекордно високите глобални резерви на енергенсот.

Американската „лесна“ нафта за терминска испорака во мај на денешните електронски тргувања на Њујоршката берза поевтини за 35 центи на 51,79 долари за барел.

Во исто време, на Берзата во Лондон цената на северноморскиот „брент“ за испорака во мај се намали за 51 цент на 57,61 долари за барел.

Денешното поевтинување уследи по вчерашниот раст на цената на американската нафта за три, а на „брентот“ за 3,17 долари.

Аналиитчарите проценуваат дека поевтинувањето на нафата се должи на стравувањето на инвеститорите дека минатонеделниот договор меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ за иранската нуклеарна програма ќе резултура со укинување на западните санкции кон Техеран, што ќе и овоможи на земјата да почне со поголем извоз на нафта на глобалниот пазар, што ќе продонесе за раст на понудата на енергенсот.

– Многу трговци очекуваа договорот со Иран да доведе до наплив на иранска нафта на пазарот, но тонот на САД укажува дека укинувањето на санкциите ќе се одвива бавно, смета инвестицискиот аналитичар на сингапурската компанија „Филип Фјучерс“, Даниел Анг.

Иран располага со четврти по големи резерви на нафта во светот, но поради западните санции неговиот извоз на енергенсот од 2,2 милиони барели на ден во 2011, последниве години се сведе на околу 1,3 милиони.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ