ПО БАРАЊЕ НА ЛЕВИЦА 60 РАБОТНИЦИ ВО „ФЛОРАКОМ“ И ВО „ЛУНА“ ЌЕ ЗЕМАТ ПЛАТА

0
256

На барање на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје со група советници денеска се одржа нова вонредна седница на која како втора точка на дневен ред беше Програмата за работа на ЈП „Паркови и зеленило“, а со единствена цел вработените во овие претпријатија да земат плата, соопшти Левица.

„Советниците на ДПМНЕ, доследно, не гласаа за исплаќањето на платите на вработените како што нивниот кадар во „Флораком“ и „Луна“ исто така го блокира исплаќањето. Програмата денес беше изгласана од советниците, а претходно и од управниот одбор на ЈП „Паркови и зеленило“, и со тоа работниците кои што четири месеци немаат земено плата конечно да бидат исплатени!

„Флораком“ и „Луна“ ДОО се фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, што подразбира управниот одбор да ги назначува и нивните раководители. Како што УО и НО на претпријатието се под контрола на ДПМНЕ, така и раководниот кадар, кој не им ипслаќа плати на вработените, потекнува од оваа партија“, се наведува во соопштението.