Почна да се распаѓа ПРОПАГАНДНАТА МАШИНА: Главната уредничка на Телеграф си дала оставка поради пренесување текстови од Курир без нејзино знаење?!

0
746

ivana

Главната и одговорна уредничка на порталот Телеграф во сопственост на МПМ, Ивана Костовска, си дала оставка, дознава Либертас. Официјалното образложение било дека се повлекува од здравствени причини.

Сепак, според нашите извори, причина за оставката е сосема друга, односно, тоа што во текот на вчерашниот ден, без нејзино знаење, на порталот биле пренесувани пропагандните текстови на провладиниот портал Курир во кои со извртување на тези се прави обид за минимизирање на ефектот од втората бомба на Заев.

На порталот и во моментов стојат објавени текстовите „Кој прислушувал – снимен разговор и на шефот на УБК“ и „Латас ги изгубил судските случаи за кои се зборува на снимката?“во кои се цитира Курир.

Сепак, во импресум на порталот се уште стои и името на Костовска како главен и одговорен уредник.

Поради цензурирана информација која требало да се најде, но од непознати причини не се нашла на страниците на весникот, во ноември 2012 оставка си даде и тогашниот главен и одговорен уредник на „Дневник“, Зоран Андоновски, исто така во сопственост на МПМ.

Извор: Либертас