ПОЧИНА ФЕРУС МУСТАФОВ, КРАЛОТ НА РОМСКАТА МУЗИКА

0
302

По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, објави порталот ММС.Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“.

Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика.