Почина Проф. Д-р Тале Герамитчиоски

0
356

Вчера почина Проф. Д-р Тале Герамитчиоски. Роден 1962 година во Прилеп. Универзитетски професор. Доктор на науки. Дипломиран машински инженер.
Основно образование и гимназија завршил во Прилеп.

Октомври 1982 –февруар 1987 студира на Машинскиот Факултет во Скопје. Февруари 1987 год. ги завршува студиите со одбрана на дипломската работа “Конструктивни особености, програмирање и искористување на НЦ-глодалките инсталирани во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп” со одличен успех.

Февруар 1987-октомври 1987 во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп ангажиран како инжињер -програмер на НЦ-машините во наменскиот погон на фабриката. Од 1.11.1987год. Техничкиот Факултет во Битола, е избран во звањето помлад асистент по предметите Машински елементи 1 и 2, и Основи на конструирањето (Билтен бр.7 од 1987год.).

1987 – 1989 год. на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје, институт за Машински конструкции и ММВ-градба на возилата, на 2.11.1989 год. го одбранил магистарскиот труд под наслов “Прилог кон дефинирање на деформационо-напонската состојба на вратилата кај погонските механизми на дигалките”.

Од 1.11.1990 год е избран во звањето асистент по предметите Машински Елементи 1и2, и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет во Битола.

18.06.1993год. на Машинскиот Факултет во Скопје., ја одбранил докторската дисертација со наслов “Определување на промената на полето на напоните и интеракција на повеќе концентратори на напони кај степенести вратила оптоварени од торзија”.

Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент по предметите Машински елементи, Основи на конструирањето и Основи на машинство на Техничкиот Факултет во Битола. Во 1995 год. е избран за наставник по предметот Транспортни уреди додека за вонреден професор е избран во 1998. За редовен професор за прв пат е избран во 2002 година, а за редовен профессор по втор пат е избран во 2007 година.

Член е на Друштвото за наука и уметност-Прилеп од 1990 год, на Друштвото за наука и уметност – Битола од 1994год, член е на GAMM-Gesellscaft fur angewandte mathematik und mechanik(Меѓународно здружение за математика и механика)со седиште во Германија од 1995год., на Друштвото за Механика на Македонија-Скопје од 1995 год.

Во септември 2002 год е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, од ноември 2002 до август 2006 е Заменик Министер за образование и наука во Владата на Република Македонија, Член на Управниот Комитет за образование во Советот на Европа во Стразбур 2002-2006, Член на Државниот Комитет за НАТО интеграција на Р.Македонија 2003-2006. Во јули 2006-2008 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејбук профил напиша.

“Засекогаш не’ напушти Тале Герамитчиоски, заменик-министер за образование 2002-2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката.
Сочувство до неговото семејство.
Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него.” напиша Шекеринска.