Почина првиот здравствен работник од Ковид 19, аптекар од Струга

0
143

Почина и првиот здравствен работник од Ковид 19, информираа од Фармацевтската комора.

Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга.

Според информациите од Фармацевтската комора, тој се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, односно додека пружал здравствена заштита на своето работно место, во аптека. Тој починал на скопската Инфективна клиника.