Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

ПОЧИНА ОЛИВЕРА НИКОЛОВА, АВТОРКАТА НА ,,ЗОКИ ПОКИ”

Николова работела во МРТВ како уредничка и драматург, а е и авторката зад дела како „Девојките на Марко“, како и „Песот со тажен поглед“ и „Куклите на Росица“, кои ја имаат освоено наградата „Роман на годината“.

Почина писателката Оливера Николова на 88-годишна возраст. Николова беше авторката зад многу значајни дела од македонската литература, меѓу кои се „Зоки Поки“ и „Девојките на Марко“ за деца, како и „Песот со тажен поглед“ и „Куклите на Росица“ за возрасни, кои ја имаат освоено наградата „Роман на годината“.

Таа е родена во 1936 година во Скопје. Таа завршила на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела како драматург и уредник во Македонска радио и телевизија. Таа од 1952 година била член на Друштвото на писателите на Македонија.

Никола ги напишала тв-куклените серии „Зоки Поки“ и „Среќен пат, Зоки!“ како и серијалот во шест епизоди „Девојките на Марко“, сите од кои се адаптации на нејзините романи.

На почетокот на оваа година, претседателот Стево Пендаровски ѝ додели Орден за заслуги.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ