а 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски кој долги години ги следеше случувањата во правосудниот систем.
Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.
Работел во Канал 5, Сител, Фокус, потоа го основа svedok.mk.
Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши утре, 07.08.2024, на новите Градски гробишта во Велес.