Почина Весна Ангелеска, член на Совет на Општина Прилеп

0
1114

Весна Ангелеска, советничка во Советот на Општина Прилеп почина денеска на 50 годишна возраст. Ангелеска е родена во Прилеп на
05.10.1967 година. Дипломирала на Педагошки факултет 1995 година. Од 2009. таа беше магистер по Маркетинг менаџмент на Економскиот
факултет во Прилеп. Членка е на о.о. на СДСМ –Прилеп од 1993 година. Во својата кариера бележи повеќе работни позиции и звања: одделенски
професор, сопственик на приватна фирма, координатор и асистент во проекти на невладини организации за заштита на човековите права, член
на организацискиот одбор на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, консултант, менаџер и директор за шведската компанија „Орифлејм“.
Не само како советничка во овој состав на општинскиот Совет, туку и како граѓанка, жена – хуманист, Ангелеска имаше голем придонес во
општествениот живот во градот. Нејзиното заминување е голема загуба за целата заедница.
Во чест и спомен на нејзиното дело и несебичен придонес во општество-политичкиот живот, утре во 10ч. во собраниската сала на Општина Прилеп
ќе се одржи комеморативна седница, на која претставници на општествено-политичкиот живот во Прилеп ќе ѝ оддадат почит.
Посмртните останки на Ангелеска ќе бидат погребани во 15ч. на Старите градски гробишта во Прилеп.