ПОТРЕСНО ПИСМО НА ЧИТАТЕЛ ОД ШТИП: Пратеници на ВМРО ДПМНЕ заедно со газди на конфекции одат по конфекциите во Штип со торби со пари и со закана и уцена купуваат гласови за ВМРО ДПМНЕ за 35 евра за еден глас, барале списоци со матични и телефони, нуделе и по 700 евра за список од 20 луѓе роднини на работничките кои би гласале за ВМРО ДПМНЕ!

0
4178

Здраво Саше

Роден сум и живеам во градот Штип, ти се обраќам тебе како новинар во врска со одредена вест која што се шири се повеке низ штипската чаршија.

Во пресрет на парламентарните избори кои што треба да се случат за околу две недели,односно на 11-ти декември, во Штип се случува тотален хаос.

Штип е текстилен град,верувам дека и ти а и повекето твои читатели тоа го знаат,мојата сопруга е вработена во една штипска конфекција, прилично голема фирма која што брои околу 300 вработени,и токму ова е една од темите заради која ти го пишувам ова писмо.

Во текот на претходната недела вработените од оваа конфекција,мегу кои и мојата сопруга,беа повикувани на разговор во канцеларијата на директорот,кој што поради одредени причини не сакам да му го откривам идентитетот.

Причината поради која биле повикувани, биле токму парламентарните избори,директорот е бизнисмен,кој што и јас а и кого било во Штип да го прашате ке ви кажат слободно дека своето богатство,интегритет и моќ го доби од 2006 година па наваму,важи за еден од повисоките партиски членови од позадина во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

На разговорот во канцеларијата присуствувал и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков и Ангел Бојаџиев, високи функционери од владеачката партија од Штип.

На голем дел од вработените им било ветувано покачување на платата за 2000 денари,односно од сегашните 10,500 денари кој што ги добиваат најголемиот дел од вработените, на 12,500 денари,покачување кое ке биде во два наврати по 1000 денари,до крајот на 2017 та година доколку гласот го дадат за ВМРО-ДПМНЕ.

Но,исто така,понуда,односно за мене тоа претставува поткуп,по 35 евра за глас, или околу 2000 денари доколку донесат листа со 10, 15 или повеке сигурни гласачи со име, презиме, улица, матичен и телефонски број за секој сигурен глас ке добијат по 35 евра,или попросто кажано,ако некој приложи листа од 10 сигурни гласачи,ке добиа 350 евра.

Од разговор со мои пријатели,кои што се вработени во други приватни фирми или конфекции, добив информација дека и таму се случува истото,во дел со поголем интензитет,а во дел со помал, и дека освен овие двајца кои што ги наведов,компаниите ги посетуваат секојдневно и други партиски лица од ВМРО-ДПМНЕ, а на Ромите кои што исто така ги има во голем број по конфекциите им било ветувано и бесплатна приватизација на своите имоти.

Јас сум голем вмровец, идеолошки, мојот дедо, татко, сега и јас сме биле ВМРО, но за вакво ВМРО, нема никогаш да го дадам мојот глас.

Јавно сакам да кажам овде,дека од мојата 7 члена фамилија, дел ке гласаме за Зоран Заев, затоа што ни ги отвори очите на сите нас,а дел за Партијата на Љубчо Ѓоргиевски и Љубе Бошкоски, вистинското ВМРО,она во кое што ке преовладува демократијата и слободата.

Благодарам, Поздрав

Замислете колку пари се ова, ако се купат вака 10 000 гласови во земјава, тоа се 350 000 евра само за ова, што секако за режимот е смешна сума, тие дневно крадат по 10 милиона евра од сите тендери сите рекети во земјава од домашни и странски фирми!

Извор : Мактел.Мк