ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ БИТИЌИ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ : СО НАД 2,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ГИ ЗАШТИТИВМЕ ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА КРИЗА

0
243
Вечерва во Старо Нагоричане се отвори новиот промотивен штаб на Социјалдемократскиот сојуз каде се обрати потпретседателот, Фатмир Битиќи, кој потсети на духот на социјалдемократијата кој осигура дека во најголемите кризи никој не беше оставен сам, ниту изоставен.
„Со над 2,6 милијарди евра го заштитивме животниот стандард на граѓаните, ги поддржавме приватните бизниси да ги зачуваат работните места на своите вработени.
Спречивме цените да не експлодираат, куповната моќ на граѓаните не дозволивме да биде пеплосана. Обезбедивме повластена стапка од НУЛА – ДДВ за основните прехранбени продукти, поради тоа на рафтовите од продавниците купувавте поевтин леб, шеќер, брашно, масло за јадење, млеко, месо, ориз и јајца. Профитот на овие продукти беше и замрзнат. “ – кажа Битиќи
Тој дополни дека во деновите кога енергетската криза беше надвисната како темни облаци над Македонија, кога цената на струјата се закануваше да внесе мрак во домовите, владата предводена од СДСМ обезбеди субвенции за над 600.000 домаќинства.
„Обезбедивме субвенции за струја, спречивме сметките да се вивнат како оган нагоре. Субвенциониравме и уште субвенционираме до 90% од трошокот за струја на секое семејство. СДСМ не дозволи животот на граѓаните да се претвори во економски и социјален кошмар.“ – рече Битиќи