ПОТЕГ КОЈ ГИ ЗАПРЕПАСТИ ВМРОВЦИТЕ: НАМЕСТО ДА ГИ ИСКОРИСТИ ПОЖАРИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПР МАРКЕТИНГ И СО ТЕЛЕФОН ДА ДАВА НАРЕДБИ ПРЕД КАМЕРИТЕ, ЗАЕВ И МИНИСТРИТЕ ОДБРАА ПОЖАРИТЕ ДА ИМ ГИ ОСТАВАТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ И НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦУК И ДЗС А ДА ИМ ДАВААТ ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА ПРЕКУ ТЕЛЕФОН И КОНФЕРЕНЦИСКИ ВРСКИ

0
422

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе користат денови од годишен одмор. Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, соопшти Владата откако во јавноста се појавија фотографии од одморот на премиерот Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.

Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно“, соопшти Владата.

Деновиве теренската координација ја обезбедуваат првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Мила Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу, наведуваат од Владата.