ПОТВРДЕН 30 ДНЕВНИОТ ПРИТВОР ЗА ВРХОВНИОТ СУДИЈА НАКЕ ГЕОРГИЕВ

0
92

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната на осомничениот Н. Ѓ. изјавена против решението на судија на претходна постапка од 21.5.2024 година:

„Денеска, по барање на одбраната на осомничениот се одржа јавна седница, на која по произнесувањето на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор, се донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судијата на претходна постапка, со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во Скопје“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.