Потврдено: ЕУ испратила покани до партиите за нова лидерска средба во Виена

0
490

Делегацијата на Европската Унија во Скопје испратила покани до политичките партии за лидерска средба планирана за петок во Виена, потврдија за „Мета“ од делегацијата.

Европратениците Ричард Ховид, Евдард Кукан и Иво Вајгл ги повикале четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, в петок да се сретнат во Виена. На средбата, според најавите, поканет е и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав.

Претходно Европската комисија соопшти дека не може да потврди кога точно ќе се одржи средбата.

– Кога и каде точно ќе се одржи средбата засега не е потврдено. Комесарот Хан е подготвен итно да се сретне со лидерите. Тие мора да покажат подготвеност да ја вратат земјата на евроатланскиот пат – рече портперолката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Таа додаде дека еврокомесарот е во постојан контакт со политичките лидери, европратениците, Делегацијата на ЕУ во Скопје и со САД, за да се најде решение за политичката криза.