Постои можност Грција да не ја отвори границата за Македонија на 15 јуни

0
257

Не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни, изјави грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис во интервју за радио „Солун“. Тој посочи дека имале навистина отежнувачки индикатори за тоа, поради зголемениот број случаи на коронавирус кај нас.

– „Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај.“ – посочи Герапетрис.