Поставена нова водоводна линија на булеварот „Гоце Делчев“

0
769

ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, денеска ја заврши изведбата на новата водоводна линија на потегот од улицата „Браќа Ламески”, до улицата „Марксова”.

Со поставувањето на двете водоводни линии, Ø90 во должина 25 метри и Ø110 во должина од 110 метри, на кои се поврзани станарите од околните згради, заврши целосната реконструкција на водоводната линија на булеварот „Гоце Делчев”.