Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ПОСЛЕ ЦЕЛА ДЕКАДА, КОНЕЧНО ДРЖАВАТА СЕ СЕТИ НА ВОЈСКАТА : РАДМИЛА НАБАВИ 14.000 УНИФОРМИ ЗА ВОЈНИЦИТЕ НА АРМ

Министерството за одбрана склучи договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за потребите на припадниците на Армијата на Република Македонија, што е прва набавка на два комплета униформи за секој припадник на АРМ досега.

„Сумата на договорот, потпишан со штипската компанија ‘Дона-М’, преку јавна и транспарентна постапка за јавна набавка, на која ѝ претходеше и технички дијалог со заинтересираните компании, е во висина од 54,5 милиони денари со пресметан ДДВ, а вкупната количина комплети на воено-теренската униформа треба да биде испорачана до крајот на март в година“, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека последен пат 5.000 униформи за припадниците на Армијата биле набавени во 2013 година и уште 1.100 униформи во 2017 година.

„Договорот склучен овој месец за 14.000 комплети воено-теренска униформа првпат ќе ги обезбеди припадниците на АРМ со два комплета униформи.

На почетокот на октомври министерката информира дека е потпишан и договор за набавка на 7.200 чифта чизми за припадниците на АРМ, од кои 4.350 се веќе испорачани, а остатокот се очекува да биде испорачан идната недела. Кога ќе биде извршена контрола на квалитетот, но и евентуални лабораториски испитувања во акредитирана лабораторија, чизмите ќе бидат дистрибуирани до војниците.

Последен пат војнички чизми за припадниците на Армијата биле набавени во 2012 и 2013 година, но и тогаш во недоволен број за сите припадници на АРМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПРИФАТИ ИГРАТА НА ПУТИН, ЗА ДА ЈА РАЗОТКРИЕ НЕГОВАТА НАМЕРА ДА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА?

Дали отсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ