Последна, опроштајна средба Заев – Орав: На Македонија и се потребни регуларни избори во декември!

0
302

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со евроамбасадорот на ЕУ во заминување од земјава, Аиво Орав.

Заев му се заблагодари на амбасадорот Орав за неговите заложби за обновување на демократските процеси во Македонија и посебно за неговата ангажираност во напорите за разврска на длабоката политичка криза во Македонија.

13662131_10154455004262932_4266682793223687720_o

На средбата е заеднички констатирано дека следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се одржат според предвиденото во декември, се сериозен предизвик за Македонија, дали ќе зачекори кон стабилна иднина. Спротивната опција е непосакувана и ризична и за граѓаните и за државата од секој аспект.

– Иднината на Македонија е во Европската унија и НАТО и СДСМ ќе направи се да ја врати земјата на демократскиот колосек. Прв чекор се регуларни избори во декември на коишто граѓаните преку слободно изразена волја ќе изберат на кого ќе дадат довербата да ја води државата. На таквите избори, убедени сме дека честа и одговорноста ќе ја добие СДСМ којашто ќе го обнови разрушениот државен систем, ќе ги постави институциите на здрави темели, ќе ја врати довербата на граѓаните во нив, ќе обезбеди правдата да важи за сите, а преку реалната економска програма ќе го крене животниот стандард на граѓаните и стопанството и ќе го трасира патот на Македонија каде што и е местото, до развиените демократии, а не меѓу режимите како изминатите 10 години – рече претседателот на СДСМ.

Заев му подари слика на евроамбасадорот Орав, од младиот ликовен уметник Илија Прокопиев, во знак на благодарност од СДСМ и граѓаните на Македонија за придонесот на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав кон демократска Р.Македонија.