ПОРТРЕТ : АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ – „МОЌНИК“ : ОД СТУДЕНТ БЕЗ ПЕРСПЕКТИВА ДО ВЕЧЕН ФУНКЦИОНЕР!

0
859

Милошоски учествуваше на протестите против воведувањето на албанскиот јазик на Педагошката академија.

Иако беше дел од вмровската младина, тој инсистираше дека протестира како граѓанин и студент, кој немал перспектива, исто како и младиот Албанец.

Во годините што следуваа, вршеше високи функции, а благодарение на умешното позиционирање, сѐ уште опстојува во високата политика, издржувајќи многу афери и обвинение за измама и злоупотреба на службената положба.