ПОРТПАРОЛОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ВАЉОН САЛИХУ СО ЕДЕН ФБ СТАТУС ГО ОТЕПА ВМРО ДПМНЕ, ДВА ДЕНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОВРАТАТ: НАМЕСТО 2 ЛАВОВИ НА МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ДЕНЕС СКОПЈЕ ЌЕ ИМАШЕ 6 ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА ПЛУС

0
303

„Чисто илустративно. Ако едно противпожарно возило чини околу 200.000 евра, денес Скопје наместо 3 врби на реката Вардар ќе имаше едно противпожарно возило плус, или поточно наместо 2 лава на мостот Гоце Делчев, денес Скопје ќе имаше 6 противпожарни возила плус. До приоритетите е!“, објави на Фејсбук портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој како одговор на еден коментар од истиот пост за тоа што направил Град Скопје во последните 3 и пол години, наведе:

„Нова најмодерна противпожарна скала, која и те како помогна да се изгаси пожарот кај Рагуза и Охис. Инаку прво возило купено после 2011-та замисли.

– Секоја година се издвојуваат средства за реконструкција на постоечките станици.

– Набавка на лична работна и заштитна опрема по највисоки стандарди за пожарникарите

– Зголемувањето на бројот на пожарникарите и намалувањето на просечната возраст на пожарникарите

– Ги зголемивме платите на пожарникарите преку измената на правилникот (за околу 20% е зголемена основната плата)

– Им доделивме парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од екипите кои учествуваат во гаснењето на пожарите.“, напиша Ваљон Салиху.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, кога беше набавена 45 метарската противпожарна скалата обвинуваше дека цената е превисока.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш го обвини Шилегов дека ја набавил за 1,7 милиони евра од компанија од Будимпешта, на што скопскиот градоначалник му одговори дека скалата е купена поради безбедноста на граѓаните.

Шилегов при презентацијата на скалата рече дека висококатниците се под голем ризик од пожари затоа што главниот град нема ваква скала.

Пред некој ден благодарение на брзата интервенција на скопските пожарникари екипирани со новата 45 метарска повеќенаменска противпожарна скала, пожарот што избувна во ресторанот „Рагуза“, на покривот во катната гаража „26 Јули”, беше изгасен во најбрз можен рок.

„Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучно за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Сепак, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и деновиве повторно тргна во обвинување на градските власти, па така, оттаму соопштија дека додека скопјани се гушат поради пожарите и запалените диви депонии никаде ги нема Шилегов и скалите од две милиони евра.

Сопственикот на опожарениот ресторан „Рагуза“, Перица Големеиќ, за брзата реакција, изрази благодарност до пожарникарите и до градоначалникот Шилегов.

„За среќа нема жртви ниту повредени. Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба. Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена“, напиша Големеиќ на Фејсбук.