Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

ПОРАНЕШНИОТ ХРВАТСКИ ПРЕГОВАРАЧ ДРОБЊАК: 2030 ГОДИНА Е ОСТВАРЛИВА ЦЕЛ ЗА ЧЛЕНСТВО НА С.МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, АМА КЛУЧНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ

2030 година е остварлива цел за ново проширување на Европската унија, а со тоа и за членство на Северна Македонија, доколку земјата продолжи да ги спроведува реформите и ја следи Реформската агенда 2024-2027 година.

Ова е ставот на поранешниот главен преговарач на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, кој нагласува дека резултатите се одлучувачки. На седницата на Националниот совет за евроинтеграции сите учесници се согласија дека за успех е неопходен политички консензус. Претседавачот на Советот Венко Филипче истакна дека е време за заедничка и посветена работа и покрај предизвиците.

Антонио Милошоски од Комисијата за европски прашања истакна дека реформите мора да имаат поддршка и од опозицијата, додека министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја истакна клучната улога на Собранието.

Претставниците на ЕУ и Швајцарија потсетија дека овие реформи долго време се дел од стратешките документи на земјата и повикаа на конкретни активности. Заклучоците се дека Македонија не заостанува поради реформите, туку поради политички и идентитетски прашања.

Сепак, ЕУ останува отворена и посветена на проширувањето и шансата за членство е реална, но потребна е мобилизација на сите капацитети.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ