Порака од Форумот на Слободоумни Патриоти при ВМРО-ДПМНЕ: Смена на Никола Груевски од функцијата Лидер на Партијата заедно со неговата семејна врвушка со која ја узурпираа!

0
678

Порака од Форумот на Слободоумни Патриоти при ВМРО-ДПМНЕ:

Нашата партија ВМРО-ДПМНЕ,како историски државотворна партија на Македонија, мора да остане засекогаш посветена на својата национална идеологија како светол симбол на Македонското Национално Обединување! Ова ќе го постигнеме единствено преку легален процес согласно статутот на партијата со смена на Никола Груевски од функција Лидер на Партијата заедно со неговата семејна врвушка со која ја узурпираа партијата отстранувајќи ги од неа основачите, ветераните и вистинските идеолошки членови и заменувајќи ги со свои послушници вметнати од редовите на ДА,СДСМ и други партии кои што немаат никакви допирни точки со системот на вредности на партијата што во деведесеттите години ја донесе независноста на Македонската нација и држава. Груевски и неговата фамилија за време на нивното 10 годишно владеење покажаа дека нивната крајна цел не е доброто на Македонија ниту доброто на партијата, туку дека тоа е личното богатење преку криминал, корупција и непотизам во спрега со нивниот коалициски партнер ДУИ.

Ако сакаме да извојуваме чиста победа на наредните избори,кога и да се, ниту смееме ниту можеме да го постигнеме тоа со луѓе кои што во очите на домашната и светската јавност се под сомневање за изборен фалсификат, политички и стопански криминал и вмешаност во продажба на името во преговори со Грчките трговци на срамот.

Да живее слободно и демократско ВМРО! Да живее слободна, независна и Демократска Македонија!

Фејсбук статус на Нестор Огинар