Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ,,ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ” ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ, ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА ЛЕТО ВО ЈУНИ

Фото : Репортер.МК

Двете претстави на култното шоу Глумците Пеат што требаше да се одржат на 8 и 9 април во МНТ, се презакажани за 8 и 9 јуни во истиот театар.

Одложувањето е заради трагедијата во Кочани, и како што наведуваат од продукцијата, во овие моменти не е време за радост и песна. Тие во трагедијата изгубија член од тимот, односно пратечкиот вокал Сара Пројковска, додека вториот пратечки вокал, Ана Костадиновска е повредена.

– Трагедијата сите не погоди и од почит кон жртвите и повредените, но и кон целата нација која тагува, одлучивме да го одложиме шоуто. Сцената е место ра радост, смеа и песна, а нам во овој период навистина не ни е до тоа. Се надеваме дека нашата верна публика ќе има разбирање за оваа одлука –  изјавија организаторите.

Инаку, за сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новте термини, возможна е рефундација на влезниците и тоа на продажните места каде што се купени, во периодот од 28 март до 10 април.

За МНТ ќе треба да се обратат на билетарницата на МНТ, а за МкТикетс треба да се испрати барање на [email protected] за рефундација.

Првата престава za 8 јуни е распродадена, додека за втората на 9 јуни има сеуште карти онлајн на платформата www.mktickets.mk.

Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго а костимографијата на Марија Пупучевска.

Глумците Пеат, чиј идеен творец е актерот Марин Бабиќ, кој почина во 2022 година, за прв пат било организирано во 1992 година, во чест на Светскиот ден на театарот и се организирало се до 2006 година. По неговата смрт, неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ, по 17 години пауза повторно го враќаат на сцената, публиката и актерите.

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ