Попладнево од 17:35 часот е воведена забрана за движење на сите видови возила во двата правци на патот од Крива Паланка до граничниот премин „Деве Баир“, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите од АМСМ, причина за воведената забрана е сообраќајна несреќа што се случила на овој дел од патот.
Од АМСМ велат дека на патот се врши увид во сообраќајната несреќа.
„На 28.01.2025 година од 17:35 часот, поради вршење на увид, по претходно случена сообраќајна незгода, воведена е забрана за движење за сите видови возила во двата правци на А-2 Крива Паланка од клучка експресен пат кон ГП ‘Деве Баир’“, се вели во сооштението од АМСМ.
Пред три дена на експресниот пат во близина на Крива Паланка се случија две сообраќајни несреќи една по друга, во кои едно лице загина, а неколкумина беа повредени, меѓу кои и четворица полициски службеници.