Wednesday, July 16, 2025
28.8 C
Skopje

ПОП И ПОПАДИЈА ВО ГРЦИЈА ПЕРЕЛЕ ПАРИ, ПРОНЕВЕРИЛЕ МИЛИОНИ ЕВРА НАМЕНЕТИ ЗА ПОМОШ НА СИРОМАШНИ ДЕЦА

Против нечесниот поп и неговата сопруга покрената е кривична постапка и тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години.

Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка.

По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства.
Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години.Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ