ПОПОВ : НОВИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ГИ ПРЕТРУПУВААТ ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ГРАДОТ, АРСОВСКА ЗА ДА ГИ ЗАДОВОЛИ АПЕТИТИТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА ДУИ – СДС – ЛЕВИЦА ОБЈАВУВА НЕЗАКОНСКИ ОГЛАСИ

0
464

Почитувани,

Уште еден скандал на Данела Арсовска и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на чело со Сефи Шабани.

Нови партиски вработувања ги претрупуваат јавните претпријатија во Градот. Арсовска за да ги задоволи апетитите на коалицијата ДУИ-СДС-Левица објавува незаконски огласи.

Додека јавните претпријатија во Град Скопје тонат во хаос и долгови, Арсовска и нејзините директори тераат самоволие кршејќи одлуки и закони.

Станува збор за два огласи за вработување во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кои се објавени денес во два печатени дневни весника.

Без одобрување од страна на Советот на Град Скопје, ова јавно градско претпријатие  денес објавува огласи за вработување на над 90 лица.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на кое основач е Советот на Град Скопје, и за истиот конкурс основачот нема дадено одобрување за нови огласи и вработувања, сепак кршејќи го законот ЈП „Паркови и зеленило“ објавува јавни огласи за вработување.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Планот за нови вработувања во ова јавно претпријатие не го гласаше поради тоа што во истото има превработеност и поради полнење на претпријатието пред избори со партиски активисти на ДУИ-СДС-Левица.

Исто така со овие 2 нови огласи кои „Паркови и зеленило“ ги има објавено, се со одобрување на министерството за администрација, кое исто така го крши законот, бидејќи законска обврска за објавување на огласи за вработување на ЈП „Паркови и зеленило“ е да бидат изгласани од Советот на Градот Скопје.

Ги повикуваме надлежните институции да го истражат овој криминал и веднаш да преземат соодветни мерки.