ПОПОВ : МЛАДИТЕ СЕ ВО ФОКУС НА ДЕЛУВАЊЕТО НА ВЛАДАТА, ОЧИГЛЕДНА Е РАЗЛИКАТА ЗА САМО 60 ДЕНА

0
67

На денешната Трибина за младиво организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, своe обраќањe имаше претседателот на УМС и пратеник во македонското собраниеСергеј Поповкој што истакна дека младите се во фокус на владата и очигледна е разликата за само 60 дена од формирањето на владата. 

Во своето обраќањеПопов истакна дека најголемата промена во владеењето и креирањето политики, е самиот факт што ваква трибина за промоција на успешните политикисе организира на само 60 дена од формирањето на новата влада

Тој додаде дека во Македонијаконечно се гледа промена и е исцртана јасна дистинкција во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и она на СДСМ и ДУИ. 

 ,,Изминатите 7 годинивласта не ја интересираа младинските прашања и политикишто се гледа според тоа дека пред ребалансот на буџетотнедостасуваа 600 милиони денари наменети токму за проекти за младитеНовата влада и парламентарното мнозинствоуспеа да ги обезбеди средствасо што до крајот на оваа година и во континуитет во нареднитестуденскиот оброк и стипендиите ќе стигаат навремено, а потоа ќе се преземаат и мерки со кои овие суми ќе бидат и повисоки”, истакна Попов

Свое обраќање имаше и Стефан Андоновски  министер за дигитална трансформација кој што ги истакна стратешките приоритети на министерството и важноста на младите да бидат вклучени во институциите. 

Министерот Андоновски говореше за стратешките приоритети на неговиот ресорнапоменувајќи колкав е предизвикот да се преводи дигиталната трансформацијаОбјасни за тековните активности на Министерствотокако што е надградување на електронски достапните јавни услуги и одблокирање на учеството на Македонија во проектот дигитална ЕвропаПотенцираше колку е важно младите да се вклучени во институциите и дека нивното присуство претставува клуч за фукнционални институции и најави повторно воведување на пракса во Министерството за дигитализација.

Свое обраќање имаше и министерот за социјална политикадемографија и млади кој што истакна дека младите се во фокусот на владината политика. 

Гоќо Велковскизаменик министер за социјална политикадемографија и млади како поранешен член на УМС потенцираше колку е важно и вредно членувањето во УМС во градењето на успешна покитичка кариераЈа нагласи постоечката демографска криза во Македонија и дека младите се клуч во надминувањето да истатаГо поздрави фактот дека ресорот млади повеќе нема да биде маргинализиран туку прерасна во посебен ресор каде младите ќе бидат на високо место во владината агенда и дека конечно ќе добијат достоинствен третман од државните институции 

На трибината се обрати и Борко Ристовскиминистер за спорт кој што ја нагласи важноста за развивањето на училишните спортови во државата на сите нивоа. 

Министерот Ристовски се фокусираше на методи за развивање на состојбите во спортот во МакедонијаЗборуваше за нови методи за финансирање на клубовите и федерациите како и развивање на училишните спортови во државата на сите нивоаОбјасни како Министерството за спорт е вложено во подобрување на спортската инфрструктура како што се спортските салино и фитнес зоните и отворените спортски игралиштаПотенцираше дека тој и Министерството се сојузници на младите и дека ќе работат во интерес на градење на спортска нација.