ПОПИСОТ БЕСПРЕКОРНО ФУНКЦИОНИРА НА ТЕРЕН : ПОПИШАНИ НАД 300.000 ГРАЃАНИ

0
191

Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, соопшти Државниот завод за статистика.

-Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица, велат од ДЗС.

Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност. ДЗС апелира населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.