Попетрески по реакцијата од Јанева: Демантот не се однесува на делот дека „форензичкото бришење“ ќе избрише податоците за тоа на кој компјутер, кога, кое лице, што работело

0
680

По демантот од СЈО дека Катица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство, вест која ја објави порталот на емисијата „360степени“ , со реакција се огласи уредникот на емисијата Васко Попетревски.

„Калкулирајќи со можните реакции (па и за кредибилитетот на „360 Степени“) и избирајќи да останеме во безбедна зона, можевме да решиме и да не го објавиме текстот. Тоа ќе беше најлесната одлука. Написи базирани на анонимни извори, особено кога и за настанот (наредбата) на кој се однесуваат, нема писмени траги, се најподатливи за „демант“.

„Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма.

Сите активности кои во континуитет се преземаат се единствено во насока на зачувување на сите податоци, информации, документи и списи кои се предмет на работењето на ова обвинителството. Водејќи се од правилата за обезбедување на безбедносни, технички и организациски мерки во делот на заштитата на целокупниот материјал кој се наоѓа во обвинителството, сочувувањето на неговиот интегритетот е од висок приоритет, и во ниту еден случај не би се дозволило по било кој основ истиот да биде доведен во опасност“, се вели во демантот на СЈО.

СЈО со демант дека Катица Јанева наредила „форензичко бришење“ на податоци

Порталот “360 степени“ повикувајќи се на извори во СЈО, објави дека веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе „фоензичкото бришење на податоците“, постапка која требало да ги опфати сите компјутери во ова обвинителство.

Медиумот наводното барање за бришење на компјутерите го поврза со истрагата во случајот „Рекет“ во кој засега , Јанева не е осомничена.