ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ПЕТМИНА ЗА ПУКАЊЕТО ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА СО ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ

0
295

Две лица се ранети од огнено оружје пред Ургентниот центар на Клиничката болница во Тетово. Засега полицијата соопшти дека се трага по пет лица кои се сомничат дека се вклучени во инцидентот.

Според првичните сознанија двете лица се потешко ранети а едното веднаш е префрлено на клиниките во Скопје, а второто е задржано во тетовската болница.

Пред Ургентниот центар екипи на СВР Тетово и Јавен обвинител вршат увид.

„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Извор : СДК.МК