Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

Полицаец ја удрил сопругата на Стојанче Ангелов, Јасминка, од зад грб на вечерашниот протест

11011101_1003277706363556_668090722525139022_n1-540x405

Вечерва, доживеав тешка траума од колега полицаец. За време на протестите пред Обвинителството, кога одевме кон ГТЦ, на мостот беа поставени неколку полицајци од ЈРМ. Како што поминував со граѓаните, ме повика наш дамнешен пријател и колега. Отидов да се поздравм со него и се фотографиравме. Одеднаш по главата почувствував толку силен удар, што не знаев што се случува и каде се наоѓам. Ме удри од зад грб. По тилот. Без никакво предупредување. Што направив? Се сликав со наш пријател-колега. Веднаш потоа ми се развика дека ми наредувал да се оддалечам. Остнатите полицајци изненадено гледаа, запрепастени од неговата реакција. Подоцна колегите ме известија дека „удирачот“ се вика Здравко Анчевски, командир на вод во одделот на ЈРМ при СВР Скопје. Ниту прекршив јавен ред и мир, ниту нападнав службено лице, не сторив ништо за да ме допре, а камо ли да ме удри. Од зад грб, кукавички. Не можеше ниту во очи да ме погледне.

11066537_1003277866363540_204229712623756363_n1-540x405

Ќе завршам со зборовите на мојот сопруг, генералот Стојанче Ангелов.

ПОЛИЦАЈЦИ!

11000708_1003277989696861_8609479776550534819_n1-540x405

Ваша обврска со Уставот и законите е да ги штитите македонските граѓани! Од убијци и криминалци, од лоши и злобни луѓе! Затоа, не тепајте ги своите сограѓани! Граѓаните тоа не го очекуваат од вас. Граѓаните тоа не го заслужиле.

Доколку добиете наредба за насилство врз своите сограѓани, одбијте ја! Или извршете ја “меко“. Колку вашите наредбодавци да помислат дека ја извршувате.

Ти Здравко Анчевски не го послуша човечкиот апел на мојот сопруг! И, за тоа ќе бидеш казнет! И на земјата, и на небото!

==================================================

Се огласи и Стојанче Ангелов кој во моментов се наоѓа на работа во Ирак. Еве го неговиот Фејсбук статус:

КУКАВИЦО ЗДРАВКО АНЧЕВСКИ!!!

Кукавицо!!! Кукавицо во полициска униформа!!! Вечерва си ја удрил жена ми по глава!!!

Се удира ли жена кукавицо една??? Без никаква причина!!!? Дури и ако погрешила требало да ја предупредиш!!! Да и кажеш!!! Ти, пред сто сведоци, без предупредување, си ја удрил по глава!!! По тил!!! Од позади грб!!! Како вистинска кукавица!!! Само затоа што дошла да се поздрави и слика со полицаец, наш дамнешен пријател!!!

Кукавицо!!! Вакви работи не заборавам!!! Ќе те најдам!!! Ќе те најдам и тоа бргу!!! Понатаму си знаеш!!!

Горан Георгиевски – Зоља!!! Во име на старите денови!!! Викни ја веднаш оваа кукавица и објасни и неколку работи!!!

П.С. Ако некој мој човек налета на кукавицата пред да се вратам од Ирак, нека позборува со неа. Без насилство. Без љубов.

07.05.2015. (21.23 часот по МК време)

Генерал Стојанче Ангелов

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЌЕРКАТА КОЈА ЈА УДИРАЛА МАЈКА СИ СО ЧЕКАН ДОДЕКА СПИЕЛА

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен...

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ОПОЖАРИЛ АВТОМОБИЛИ И ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО КУМАНОВО

Фото : Илустрација Министерството за внатрешни работи соопшти дека го...

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ