ПОЛИЦАЕЦ ПАДНАЛ СО МОТОР „БМВ“ И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА

0
449

Полицаец со полициски мотор „БМВ“ паднал на колозовоз и завршил во болница.
-На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков мотоцикл „БМВ“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп, соопшти МВР.Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.