Триесет и осумгодишниот полицаец М.Х. од Крушево вчера пријавил дека непознат сторител му го одзел службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми.
„На 01.03.2025 во 08.00 часот во ОВР Крушево М. Х. (38) од Крушево, вработен како полициски службеник во ОВР Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, кој пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР Крушево му бил одземен службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.