Почитувани пријатели & колеги.
Денеска ја добивме бонус платата која ни следуваше, вчерашната моја иницијатива да колективно сите полицајци со одлука да ја донираме на повредените од трагедијата во Кочани за жал не се прифати дури и злото да биде поголемо кај некој предизвика и да трпам навреди но за жал тоа е тој менталитет кој нема да го коментирам а е добро познат.
Јас денеска си ја исполнив желбата да донирам со чисто срце , еве почитувани колеги неморате целата плата но кој колку може нека донира и нека го следи овој пример.
Само сплотени и со чисти мисли и дела да си помагаме кога некому му е тоа потребно.
Се надевам дека колегите ќе го направат истово!
Со почит ,
Ќазим Адеми
Фејсбук статус на полицискиот службеник при МВР, Ќазим Адеми.