ПОЛИТИЧКИ ЛУЗЕРИ НА ГОДИНАТА : ЗА СЕЛО ОД 4.000 ЖИТЕЛИ ОД КОИ ПОЛА СЕ НА ГУРБЕТ, БЕСА СЕ ОТКАЖАА ОД МИНИСТЕРСТВО КОЕ ГОДИШНО ДЕЛИ 200 МИЛИОНА ЕВРА СУБВЕНЦИИ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ ГРАНТОВИ И КРЕДИТИ!

0
544

Вкупниот буџет за секторот земјоделство кој што подразбира неколку институции е во износ од околу 10,5 милијарди денари. Во оваа сума спаѓаат основните буџети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Платежната Агенција, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управата за хидрометеоролошки работи.

Кој нема дигитрон, тоа се 170 милиона евра!!! Ако на ова се додадат и сите тие ИПА МИПА фондови и кредити и грантови, ова министерство годишно тежи околу 200 милиона евра! За 4 години тоа се 1 милијарда евра пари кои ги дели ова министерство!

И БЕСА сето тоа го батали за ова село,чиј годишен буџет сигурно е 100.000 евра, колку што е буџетот за кафе и гориво на министерство за земјоделие…

Не за џабе Ѕинго додека беше жив, а влезеше во влада одма го бараше или министерство за земјоделие или пак министерство за здравство, НИШТО ДРУГО!!!

И затоа Ѕинго овие 30 години ги има менаџирано или здравство преку Илија Филипче, таткото на Венко Филипче или пак Земјоделие со серија министри од Социјалистичката Партија, просто 12 години земјоделие беше во рацете на Ѕинго, знае он кај се парите…

Ова министерство дели земја, дели пасишта, дели пари, трактори итн итн итн…